Временските неприлики како крупен град, обилен дожд и силен ветер се многу честа појава кај нас и воедно претставуваат опасност за автомобилите на приватните и јавните паркинзи. Сепак, секоја најава за невреме не мора да биде проследена со закана за скапа поправка на автомобилот доколку имате соодветно осигурување.
Со каско осигурувањето од Кроација се добива комплетна финансиска сигурност на возилото, а во листата ризици кои се опфатени влегуваат: удар од гром, луња, град, поплава, порој и високи води, сообраќајна незгода, како превртување, судар, лизгање, паѓање или удар од некој предмет, пожар, ненадејно надворешно термичко или хемиско дејство, манифестации и демонстрации, кражба, разбојништво и злонамерни постапки на трети лица.
За овозможување што поголеми придобивки на осигурениците, Кроација во својата понуда вклучува гратис осигурување на стандардно вградено стакло од кршење или оштетување, како и попуст на каското доколку осигуреникот има полиса за автоодговорност од Кроација.
Автомобилите денес со сета дополнителна опрема претставуваат вредна инвестиција, а она во кое сме инвестирале треба и да се заштити и обезбеди. Затоа, за поголема заштита и сигурност внимателно се избира и преку која осигурителна компанија го купувате каско осигурувањето.