Кејт Мидлтон во воена униформа: Принцезата фотографирана во тенк
Кејт Мидлтон го направи своето прво појавување како главен полковник на Првата змејска гарда на кралицата, нарачана од кралот Чарлс III во текот на летото, а фотографиите од нејзината посета станаа вирални.
Кејт го помина денот во Дерехам со членовите на Првата змејска гарда на кралицата, а принцезата целосно влезе во улогата и за време на посетата облече маскирна јакна и кацига и храбро се нафати да вози тенк.
Инаку, возењето тенк е специјалност на таа единица, чија основна задача е да ја извидува територијата. Оваа единица во минатото се движеше низ целиот свет, а последен пат беше распоредена во Мали како дел од мировната операција.
Покрај
возењето со тенкот, Кејт се запознала и со членовите на тимот и дознала за
нивната употреба на извидувачки дронови.
Фото: Инстаграм
Извор: www.b92.net