Ќе бидеме деца, сѐ додека родителите ни се живи: Годините немаат ништо со тоа
Некогаш ми се чинеше дека мајка ми не ме разбира, бара безусловна послушност, не гледа дека имам 20 години, дека сум возрасна и дека имам право на свое мислење.
Во тоа време работев на плажа. Од некоја причина, една туристка, инаку доктор по науки, одлучи да ѝ бидам преведувач. Со нејзе се одмараше и нејзината мајка, 80-годишна жена која беше неписмена.
Еден ден ние три шетавме по обалата. Мојата нова пријателка беше облечена многу модерно. Сосема неочекувано, нејзината мајка од чантата извлече една розово бела марама и ѝ ја даде на ќерката: „Земи дете, да не изгориш!“
Нејзиното „дете“ имаше само 60 години и завршен докторат! Во главата веднаш ми се сврти мислата: „Таа не е мала, сигурно знае дали ѝ треба или не ѝ треба марама!“
Замислете го мојот шок, кога госпоѓата без преговарање ја зеде марамата од бабата и ја нагрна на рамената. Таа виде колку сум изненадена, се насмеа и ми рече:
„Сигурно мислиш дека оваа марама ми го расипува изгледот. Но запамети драга моја, иако сум веќе баба, за мојата мајка јас сум сѐ уште дете за кое таа треба да се грижи. Навистина ја ценам таа нејзина грижа. Сите ние сме деца сѐ додека родителите ни се живи. И тоа е она најубавото! За неколку минути јас ќе ја тргнам марамата, а мајка ми нема ни да забележи. Таа ќе биде задоволна дека има послушна ќерка.
Не ме интересира што луѓето ќе ме гледаат чудно со оваа марама преку рамена. За мене е најважно што мојата мајка ќе се чувствува добро бидејќи знае дека сум сигурна и заштитена. Па дури и ако таа опаснот е сонцето. Секоја мајка заслужува да биде задоволна со своето дете сѐ додека е жива!“
За мене ова беше животна лекција. Радикално го променив својот однос кон мајка ми. Почнав да бидам повнимателна и погрижлива. Помислив дека само ѝ треба послушност и грижа сега, да знае дека ја сакам, бидејќи кога ќе умре, ќе биде доцна!