Кога девојка ќе порасне без татко: Исклучително јака и независна, но ранлива
Сигурно барем еднаш во животот сте слушнале дека жените го избираат животниот партнер врз основа на односот кој го имале со својот татко. Но што ако немале татковска фигура во животот?
Еве што велат психолозите.
Кога ќе слушнете дека жената вели дека го родила детето за себе, психолозите веќе претпоставуваат какви проблеми ќе имаат тие жени со спротивниот пол во иднина, но и какви проблеми имале порано. Тие жени не израснале со позитивна слика за мажите. Немале на кого да се потпрат кога е во прашање врската меѓу маж и жена.
Нив им е тешко да изградат друштвени и интимни односи, и често се проблематични. Баш поради ова ваквите жени често се согласуваат на сурови услови и бесмислени „машки правила“ многу брзо. Тие несвено бараат татко во врската и се покоруваат.
Многу од нив всуштност и не знаат вистински да го сакаат мажот. Од него очекуваат љубов, заштита, финансиска стабилност и почитување- она што го немале во текот на растењето. Поради тоа паѓаат на љубезноста на мажите и во него ги гледаат вредностите кои ги немале од таткото.
Поради вниманието и грижата која ѝ го дава, жената почнува да чувствува приврзанот за мажот, мешајќи ја со љубов. Поради тоа често избираат постари мажи.
Некои жени кои растеле без татко цел живот го поминуваат чекајќи го вистинскиот маж, односно мажот со особини кои сметаат дека таткото треба да ги има. Од друга страна, кон мажот имаат негативен став и не го почитуваат, потсвесно му се светат на таткото кој го немале, кој ги напуштил, а притоа и не знаат како треба да изгледаат машко-женските односи.
Овие жени често се лутат, бидејќи длабоко во себе се ранливи, разочарани, многумина мислат дека нивниот живот изгубил цел, и сметаат дека ако нешто не функционира како што очекувале, подобро е засекогаш да бидат сами.
Што би требало мажите да знаат за жените кои растеле без татко?
1. Ако ги исполните сите нејзини очекувања, оваа жена ќе ве усреќи со својата насмевка, ќе го исполни вашиот живот со радост и ќе ве сака без граници. Ќе даде се од себе за да ви ја исполни секоја желба.
2. Ѝ треба внимание. Многу внимание. Целото слободно време ќе го сака за себе. Сака романса, восхитување, посветување. За возврат ќе добиете многу повеќе отколку што давате.
3. Таа себеси се смета за појака од останатите жени, бидејќи од почетокот била отфрлена од страната на таткото. Се борела со години со тие чувства, сама ги решавала своите проблеми, сама се штитела. Баш тоа ја направила независна и јака и не обидувајте се тоа да ѝ го одземете.
4. Секогаш е внимателна кога треба да го отвори срцето за некој. Но ако ве пушти и ве засака, ќе ви го даде своето срце без да бара нешто за возврат. Често делува недостапно, но вушност чека прво вие неа да ја прифатите.
5. Љубовта на ваквата жена не познава граници. Кај неа не постои просек. Таа е заљубена во среќното детство кое вие со закаснување ѝ го пружате наместо таткото. Или ќе влезете тотално во нејзиниот свет или нема воопшто да влезете. Сепак има проблем со довербата. Мора да ѝ припаѓате во целост. Ќе ви ја даде целата љубов на овој свет, и деца кои ќе ги сака бескрајно.
Главен страв на жените кои пораснале без татко е дека повторно ќе бидат напуштени и отфрлени, особено од страната на мажот на кој го подариле срцето. Емоционалното влијание од недостатокот на татко трае долго, понекогаш и цел живот, па затоа мора да бидете подготвени да го разберете тоа.
Извор: Стил.курир.рс
Фото: Shutterstock