Кои странци ќе можат за три години да добијат германско државјанство?

Германија ја олеснува процедурата за добивање на државјанство. Странците наскоро ќе можат полесно да добијат германско државјанство. Од Министерството за внатрешни работи на Германија потврдија дека се работи на реформи на Законот за државјанство.

Нацрт-законот скоро е готов и набргу ќе им биде испратен на другите министерства. Наместо осум години, државјанство би можело да се добие по пет години престој во земјата. При „посебни интеграциски придонеси“, некои странци би можеле да добијат државјанство и по престој од само три години. Тоа би било можно во случај кога доселениците покажале посебен академски, професионален или волонтерски ангажман или доколку особено добро го владеат германскиот јазик. 

Подетално читајте на Фактор тука.