Кој е најзгоден според вас? Пет светски секси политичари кои жените ги обожаваат (ФОТО)

фото:Profimedia

Секојдневно на малите екрани гледаме политичари кои се трудат да ги задоволат интересите на јавноста додека ги држат своите позиции во скапи одела. Некои ни се драги и мили, некои ни се убави, а некои едноставно не можеме да ги сакаме.

Политичарот мора да биде комуникативна и елоквентна личност која јасно може да ги брани своите ставови. Сепак, мора да признаеме дека на светската политичка сцена има згодни мажи кои ги сакаме затоа што ни се привлечни. Колку е политичарот помажествен, посекси, пошармантен, колку повеќе харизма и убава насмевка има - некогаш и толку повеќе шанси има да го добие гласот на народот.

За да го докажеме ова тврдење, подготвивме листа од пет најзгодни светски политичари.

1. Ниту една листа на секси политичари не може да оди без поранешниот претседател на Мексико - Енрике Пења Нието.

 фото:Profimedia
56-годишниот Енрике за време на неговиот мандат ги освои срцата на јавноста бидејќи се залагаше за толеранција и еднаквост во мексиканското општество. Во неколку наврати призна дека жените често го запираат на улица за да се фотографираат со него, а отворено зборуваше и за најтешките моменти во животот кога ја загуби сопругата поради епилептичен напад.

2. Ќе скокнеме од Мексико во Шпанија за да се сретнеме со нивниот премиер Педро Санчез

фото:Profimedia

50-годишниот политичар и економист често го споредуваат со познатиот американски актер Кери Грант, кој жареше низ Холивуд во раните 1930-ти.

3. Во потрагата по згодни политичари, завршивме во Бразил. 37-годишниот Едуардо Леите, висок, црн и впечатлив, ги освои срцата на Бразилките кога победи на изборите во 2018 година и стана најмладиот бразилски гувернер во историјата. 

фото:Profimedia

Сепак, бразилската јавност беше изненадена кога Едуардо минатата година призна дека е геј. Тогаш тој стана првиот геј гувернер во историјата на Бразил.

4. А и Америка има секси политичари. Овој пат го издвоивме 42-годишниот Арон Шок, најмладиот член на американскиот Конгрес, кој во високата политика влезе со само 23 години. 


Тој ги освои срцата на жените кога неговото мускулесто тело блесна на насловната страница на Men's Health. Иако го нарекоа нарцис, жените не се пожалија бидејќи им се допадна она што го видоа под раскопчаната сина кошула.

5. Од хрватската политичка сцена, се издвојува Дамир Хабијан, 40-годишен член на ХДЗ од Вараждин, кој сака спорт и сака да ги покажува мускулите.


Кажете ни кој според вас е најзгоден?

извор:zadovoljnja.hr

Поврзани вести:

Во костум или не, тие се најзгодните во регионот: Настрана од политиката - се мелем за очи

Ги „полуде“ дамите: Овој мускулест маж е новиот министер за туризам на Израел (ВИДЕО)

(ФОТО) Најсекси политичар во светот: Францускиот министер за здравство ги излуди сите!