Колку пари годишно врти „Авалон“ од концерти?

Етаблираната домашна промоторска куќа „Авалон Продукција“ специјализирана за организација на концерти во земјава и регионов лани преку своите две фирми имала приходи од 2 милиони евра

Колку пари има во организацијата на концерти? Прашајте во „Авалон продукција“, долгогодишен етаблиран организатор на концерти во земјава и во регионов.
Официјалните податоци достапни во базата на Централниот регистар на Македонија (ЦРМ) покажуваат дека од оваа дејност може да се заработи простојно ако се знае како да се сработи работата.

Познатата продукција која организира концерти „Авалон“ всушност ја опслужуваат две фирми. Едната се вика „Самоорганизација Букинг“, а другата е „Самоорганизација“. Заедничко им е што и двете се ДООЕЛ – и се регистрирани во скопската општина Центар.

Двете компании заедно лани имале приход што надминува 2 милиони евра, а работеле подобро од 2017 година кога вкупниот приход бил 1,6 милиони евра. Лани „Самоорганизација Букинг“ завршила со добивка од 9.300 евра кои останале како заработка од приходите во износ од 1,8 милиони евра намалени за расходите кои изнесувале 1,79 милиони евра. Фирмата лани вработувала 5 лица.

За разлика од неа „Самоорганизација“ лани работела со загуба од 33.700 евра затоа што расходите биле поголеми од приходите. Тие изнесуваат 254.600 евра, а приходите биле 221.600 евра. Оваа фирма лани вработувала само едно лице.

Целиот текст го имате на ФАКТОР.МК