КРИСТИНА АРНАУДОВА ОГРАБЕНА

Добивај вести на Viber

Познатата пејачка, авторка и хуманистка Кристина Арнаудова вчера била ограбена додека нејзината баба ја сместувала во една од собите на клиничкиот центар. Непријатниот момент го сподели со фановите на социјалните мрежи.

- Вчера додека бев на државна клиника и ја сместувавме мојата болна бабичка во соба, ми беа украдени ташната која внатре имаше бел телефон со скршен екран (значи скоро да нема вредност), црвен голем новчаник.. Внатре имаше два пара наочари, околу 9.000 денари и еден куп картици, лична карта и милион спомени. Ако некој налета на нив, ве молам нека ме контактира во порака. Кој и да ги зел, слободно нека ги земе парите, наочарите, се што мисли дека му е вредно,само нека ми ги врати спомените, кои навистина ми значат. Ќе го наградам дополнително – напиша таа на „фејсбук“.