Квиз: Дознај кој град најмногу ти прилега според карактерот

Ако имаш најмногу одговори под (a)

Монако – Те возбудува луксуз, се воодушевуваш на скапи јахти, уживаш во азурни песочни плажи и твоето вистинско Јас, доаѓа до израз во отмена, елегантна атмосфера. Казина, Формула 1, или пак можеби и операта се само дел од твојот исклучителен вкус, па затоа за тебе најсоодветен е и сладоледот со исто име – исклучителниот Metropoli Gold Monaco. Ти ќе уживаш во овој врвен вкус на какао, збогатен со прелив со вкус на какао, прелиен со мешавина од млечно чоколадо и чоколаден супститут, декориран со парчиња од кикиритки и лешници во сладоледот.

Ако имаш најмногу одговори под (b)

Париз – Негуваш уникатен стил, културата ти е голема вредност, уживаш во добра храна и добро вино и за тебе е сосема природно да следиш уметност, висока мода и културни настани. „Префинетост“ ти е средно име, па префинетиот вкус на сладолед Metropoli Gold Paris сам по себе зборува за твојата личност. Неодоливиот вкус на крем сладолед со вкус на ванила, збогатен со бел прелив, прелиен со бело чоколадо збогатен со крцкав бадем и лешник, за тебе се омилена комбинација.

Ако имаш најмногу одговори под (c)

Сан Франциско – Твојата природа е забавна, младешка, помалку и луда! Уживаш да бидеш на топло време, а слободата за тебе е најважното нешто. Едноставно не сакаш кога си под притисок и сакаш да одбираш слободно. Иако понекогаш се чини дека си љубител на едноставните работи, сепак имаш и уметничка душа и желба за голема авантура и забава. Бидејќи сакаш да експериментираш, така е и со вкусовите, па така специфичен сладолед со вкус на бурбон ванила, прелиен со глазура со вкус на чоколадо, прелив карамел и млечно чоколадо, за тебе ќе биде совршен во сладоледот Metropoli Double Caramel – San Francisco.

Ако имаш најмногу одговори под (d)

Лондон – Ја сакаш класиката, ја сакаш традицијата, едноставно за тебе има нешто посебно во тие стари традиционални вредности и богата историја. Пристојно се однесуваш и добрите манири за тебе се многу важни. Веројатно воопшто и не би се дружел со некој со лоши навики. А, кога сме кај навиките: за тебе нема ништо поубаво и поромантично од дождливо време, а ти да седиш во твојот удобен дом со шолја чај и вкусен чоколаден десерт. Токму затоа, сладоледот Metropoli London со вкус на какао, збогатен со прелив со вкус на какао, прелиен со мешавина од млечно чоколадо и чоколаден супститут, декориран со парчиња од кикиритки и лешници ќе ги разбуди сите твои сетила.

Ако имаш најмногу одговори под (e)

Берлин – Ти си искрена личност, но често знаеш да бидеш доста ладен и не вложуваш многу време за работи кои тебе лично не ти се битни. Рационален си, лесно следиш правила и рутината ти прилега, но сепак не би пропуштил добра забава со друштвото или некој концерт, бидејќи лесно се социјализираш. Свесен си и буден, како за себе, така и за останатите и за животната средина поради својата специфична, несекојдневна природа. Такви вкусови и ти прилегаат, па ти не си оној кој ќе одбере едноставно чоколадо или ванила во сладолед. Сладоледот Metropoli Berlin за тебе би бил идеалниот бидејќи е збогатен со прелив со вкус на вишна, прелиен со мешавина од млечно чоколадо и чоколаден супститут декориран со парчиња од кикиритки и лешници.



Претходна страна