Лејди Гага го покажа брутално затегнатото и згодно тело: Стомакот буквално го стопила (ФОТО)

Лејди Гага е видена во Малибу пред нејзиниот дом додека ги истоварувала намирниците што ги купила. Во таа прилика таа ги покажа издлабените мускули и телото затегнато како карпа

Лејди Гага беше уловена од „окото“ на папараците, а во таа прилика го покажа своето тело затегнато како карпа. Облечена во маичка која ја врзала под градите, хеланки и широка кошула, пејачката во преден план ги стави своите издлабени стомачни мускули.

Нејзините обожаватели беа фрлени во транс од оваа фотографија на која се гледа брутално жешкото тело на пејачката, која до сега имаше стомак кој јасно се гледаше за време на настапот.


Актерката и пејачка, чие име е Стефани, е долгогодишен клиент на личниот тренер Харли Пастернак, кој ја тренира од 2011 година. Тој истакна дека Гага тренира секој ден, и дека прави 20 серии стомачни за 35 минути. Со стомачни, таа вози велосипед околу 20 минути, што буквално ги топи сите калории.


„Повеќето од она што го носи Гага го покажува нејзиниот стомак, така што се стремиме таа да ги има најдобрите стомачни мускули досега“, рече тој.

Изгледа дека успеале бидејќи актерката изгледа неверојатно добро.


ФОТО: Инстаграм