Лепа Брена ја откри вистината за својот сопруг

Добивај вести на Viber

Познатата фолк ѕвезда Лепа Брена неодамна доби весела вест дека Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ ќе станат родители и дека конечно првиот внук ќе пристигне во куќата на Живојиновиќ.

Брена откри дека нејзиниот сопруг и таткото на Филип, Слободан Боба Живојиновиќ, прв ја дознал среќната вест.

- Веста дека Александра и Филип ќе имаат бебе одекна во нашето семејство, а по еден месец Боба ни кажа на сите дека знаел прв. Тој е човек со светски манири и ги сочувал овие информации за најблиските членови на семејството, што е погрешно толкувано во јавноста. Сепак, мислиме дека тоа е одговорност на родителите  кога јавноста ќе дознае. Среќни сме затоа што ова е првиот внук во нашето семејство - изјави таа.

Лепа Брена ќе настапи на 18-ти август во Струмица на овогодинешниот „Струмица опен фестивал“.