Летната салата на Џулија Робертс со која килограмите се симнуваат како од шега: Со часови ќе ве држи сити
Актерката ја обожава салатата која ѝ помага при симнувањето на килограмите...
Џулија Робертс со години ја носи титулата „најубави нозе во Холивуд“, а тоа е само едно од признанијата за нејзината убавина. Насмевката, косата и витката линија, по мислењето на многумина, ја прават најубавата жена на светот, а таа за себе скромно вели дека е само домаќинка.
Како мајка на три деца ја одржува фантастичната фигура? Џулија објаснува дека не сака да вежба, но дека ѝ годи чувството кое ја обзема по квалитетен тренинг.
На вежбање троши околу четири часа неделно, а сѐ почесто одбира здрави оброци, а пособено салати. Нејзината позната фитнес салата веќе со години е на врвот на најпопуларните и секако вреди да се проба.
Состојки:
400 грама леблебија, најдобро е од конзерва;
100 грама млад спанаќ;
2 маркови;
1 рака ореви;
100 грама фета сирење;
сол и бибер.
Подготовка:
Добро измијте ја леблебијата, исцедете ја и ставете ја во садот за сервирање. Измијте го спанаќот, морковот исчистете го и исечете го на тенки ленти и додадете ги состојките во леблебијабата. Сетоа тоа измешајте го и зачинете го, а потоа изматете прелив, кој ќе го додадете во салатата.
Прелив:
3 лажици оцет;
1 лажица сенф;
5 лажици маслиново масло;
сол и бибер.
На крајот ставете ги сирењето, кое претходно ќе го здробите и оревите, кои ќе измелете и зачинете по вкус.
Оваа салата може да биде и комплетен летен оброк, бидејќи ќе ви даде доволна количина протеини и влакна. Овие состојки се неопходни за одржување на витка фигура, што Џулија го покажува во сите прилики - од опуштени прошетки на плажа, до снимањето на модните реклами или новите филмови.
фото: Принтскрин / Инстаграм