Лима има совршена кожа на лицето и тврди дека се мие исклучиво со флаширана вода: Водата од чешма е полна со хемикалии и стимулира бактерии
Адријана Лима е една од најплатените манекенки во светот, нејзиното лице е ултра познато не само по убавината, туку и по совршено негуваната кожа и беспрекорниот тен, а манекенката неодамна ја откри тајната на нејзината природна убавина, а една од причините е тоа што го мие лицето со флаширана вода.
Адријана Лима отсекогаш ѝ пристапувала на убавината од здравствена перспектива, а тоа значело дека храната е гориво, дека движењето е неопходно и дека треба да се грижиме за нашиот ум.
Со оглед на тоа што е мајка на две девојчиња и моментално носи момче, таа има желба тие здрави навики да им ги пренесе на своите деца.
„Секогаш сакам да им дадам пример на моите деца како треба да се грижат за себе – не само однадвор, туку и одвнатре, со тоа што јадат и како се чувствуваат“, рекла убавата мајка, пренесува „Marie Claire“.
Иако тоа што е повторното бремена само го зајакна нејзиниот холистички пристап кон грижата за себе, тоа исто така го сврте нејзиниот поглед кон убавината наопаку.
„Откако сум бремена, морам да обрнувам повеќе внимание на работите што ги користам на моето тело. Сè мора да биде почисто. Користам сè што е органско, што е можно повеќе", вели Лима.
Стариот начин на нега на кожата го заменила со природни опции, ги сменила производите со кои се тушира, па дури почнала да го мие лицето исклучиво со флаширана вода или вода со pH баланс.
„Трикот што го научив е дека кога го миете лицето, не користете вода од чешмата. Користете прочистена или флаширана вода. Тоа е водата што сакате да ја користите на вашето лице - не вода од чешма бидејќи е полна со хемикалии и стимулира бактерии. Исто така постои машина што можете да ја купите, која ги филтрира вредностите на pH“, открила Лима.
Покрај флашираната вода за миење, Лима строго се придржува до секојдневните рутини во однос на исхраната, вежбањето и другите неопходни детали за секогаш да изгледа беспрекорно.
Извор: zena.blic.rs