Лисната плетенка со вишни: Неодолива комбинација од киселкасто овошје и фил од сирење

Добивај вести на Viber

Искористете ја сезоната на вишните и направете лиснато тесто во кое сигурно ќе уживате.


Состојки: 

1 лист лиснато тесто;

170 грама крем сирење на собна температура;

1/4 шолја шеќер во прав;

1/2 лажичка екстрат од ванила;

300 грама исчистени вишни;

1 разматено јајце.


Глазура:

1/2 шолја шеќер во прав;

1 или 2 лажици млеко.

Подготовка:

Изматете ги крем сирењето, шеќерот во прав и екстрактот од ванила. Лиснатото тесто малку растегнете го со сукало (веднаш ставете го во тепсија на хартија за печење), па долж тестото размачкајте го филот, а врз него ставете ги вишните.

Сега тестото кое не е покриено со филм исечете го од двете страни, правејќи парчиња дебели околу 1 сантиметар, па преклопете го наизменичко преку делот каде што е филот. Така ќе формирате плетенка.

Премачкајте го со јајце, а кога ќе се испече намачкајте го со глазурата, која ќе ја направите од млеко и шеќер во прав.

Печете го во рерна на 200 степени, околу 15 минути или додека плетенката не добие златна боја.


* ПР - објава

фото: Принтскрин / Јутјуб