Лора му е единствената ќерка, кои се синовите на Маленко?

Добивај вести на Viber

Поранешниот македонски пливач и актуелен претседател на пливачката федерација на Македонија, Александар Маленко, сѐ уште се нема огласено по запросувањето на неговата единствена ќерка Лора која ја има од бракот со познатата пејачка и водителка Сузана Турунџиева.

Лора Турунџиева е прво дете на Маленко кој од четири брака има пет деца. Таа се најде во фокусот на медиумите пред две години со емотивното отворено писмо адресирано до нејзиниот татко со кого подолго време немаше остварено контакт. 

Маленко беше во брак и со актерката и поранешна директорка на театарот „Комедија“, Јелена Жугиќ, со која го има синот Ахил.

По третпат се ожени со шест години постарата Русинка Татјана Михајловна Фјодорова која ја запозна во перидот додека беше на привремена работа во Москва. За Татјана ова беше четврти брак. И со неа Маленко има син.

Со последната сопруга која не се експонира во јавноста, поранешниот пливач има два сина кои често ги објавува на социјалните мрежи. 

Маленко лани гостуваше во емисијата „Еден на еден“ каде призна дека размислува за проширување на семејството.

- Со сопругата сакаме и шесто и седмо дете. Зошто да не уште една ќерка - порача тој.