Маја Шупут за прв пат облече венчаница пред 16 години: Сосема поинаква во ова издание од нејзината младост (ФОТО)

Маја Шупут, која е кралица на хрватските свадби, отсекогаш била жива и весела личност, а вниманието го привлекува уште од почетокот на кариерата.

Меѓутоа, пред дваесетина години, Маја беше многу помлада и изгледаше поинаку, а освен што сакаше да експериментира со бојата на косата, во 2006-тата година за прв пат облече венчаница по повод настанот „Danima vjenčanja“.

Фотографијата може да ја погледнеет со КЛИК ТУКА

Иако не беше вистинската, Маја ја носеше на ревија, а со широка насмевка и руса коса гордо се прошета на модната писта во венчаница без прерамки.

Многумина сакаат да гледаат стари фотографии на Маја, бидејќи со текот на годините таа правеше естетски зафати и ги зголеми усните, но нејзината веселост отсекогаш била тука, а Шупут многумина ја сакаат и паметат.

View this post on Instagram

A post shared by majasuput (@majasuput)


Таа со својата харизма моментално го засилува шоуто „Суперталент“ во кое е член на жирито, а не помалку е ангажирана и дома, каде што се грижи за малиот син Блум, кој е исто толку „непослушен“ како и неговата мајка.

Извор: showbuzz.dnevnik.hr