Стана мајка во петтата деценија: Маја Шупут на свет донесе здраво момче

Добивај вести на Viber

Хрватската пејачка Маја Шупут стана мајка на 41 година!

Според хрватските медиуми, пејачката родила здраво момче со царски рез во загрепската болница Петрова. Оваа информација ја потврдија и извори блиски до семејството.

Името на момчето е сè уште непознато, но четириесет и едногодишната пејачка повеќе пати истакна дека претпочита странски имиња.

На една од последните објави на социјалните мрежи, таа објави дека го намалила изборот на три имиња, но дека сè уште не донела конечна одлука.

View this post on Instagram

A post shared by majasuput (@majasuput)


Ова е заедничко прво дете на Маја и нејзиниот сопруг Ненад, а пејачката не ја криеше среќата што остана бремена во оваа фаза од животот. 

Со надеж дека бременоста ќе помине во најдобар ред, Маја тогаш изјави дека се на седмо небо со сопругот.