(ФОТО) Маја Шупут ќе стане мајка на 41 година: Со надеж дека следните 35 недели ќе поминат безбедно

Добивај вести на Viber

Хрватската пејачка Маја Шупут Татаринов и сопругот, претприемачот Ненад Татаринов, го очекуваат своето прво дете. Среќната вест 41-годишната Маја ја сподели со своите следбеници на Инстаграм профилот, објавувајќи фотографии од професионална фотосесија.

- Изненадување! Драги мои, од сите соопштенија и најави, имам многу поголема вест од сите претходни. Оваа е најубава и толку магична за нас што не можам да ви ги опишам нашите чувства. Имено, во нашето мало, но полно со љубов семејство, доаѓа принова како најголем подарок и како алка што отсекогаш се бараше и единствено што недостасуваше за нашиот универзум. Се подразбира дека и двајцата сме на „седмо небо“ и дека зборот возбуда достигна нова димензија. Конечно дојде време да ви ја откриеме слатката тајна и бебето да го има првото фото-сеќавање од стомакот на мама. Денес славиме 15 недели со надеж дека следните 25 ќе поминат толку убаво и безбедно за нас - напиша популарната пејачка под серијата фотографии на кои гордо позира со сопругот држејќи се за трудничкиот стомак.

View this post on Instagram

A post shared by majasuput (@majasuput) on


Честитки во коментари пристигнаа од сите хрватски ѕвезди како Северина, Нивес Целзиус, Николина Пишек...

Среќната брачна двојка неодамна прослави три години во брак.