Мајка ѝ го уби татко ѝ, синот го воспитува како ќерка: Тешката судбина на Шарлиз Терон
Шарлиз Терон денес го слави 44. роденден, таа е една од најубавите актерки, но животот не ѝ бил лесен.
Јужноафриканската актерка во медиумите неколку пати има раскажано дека растела со насилен татко кој имал проблеми со алкохолот. Нејзината мајка Герда го убила во самоодбрана.
„Тогаш се преправав дека тоа не се случило, затоа што не сакав да зборувам за тоа. Луѓето ги лажев дека татко ми загинал во сообраќајка. Не сакав да ме гледаат како жртва“, раскажа актерката.
Детството ќе го памети по постојаниот страв од татко ѝ . Еднаш се вратил дома пијан и почнал да пука низ собата на Шарлиз. Во стравот за себеси и ќарката, Герда ја земала пушката и го убила во самоодбрана. Шарлиз исто така, кога била мала била болна од жолтица, а до 11 година немала ниту еден заб.
Синот Џексон го воспитува како девојче.- Терон со децата
За улогата во филмот „Tully“, во кој глуми самохрана мајка, се здебели 16 килограми. Исто така, за улогата во филмот „Чудовиште“ се здебели 13 килограми и носеше протеза.
Неодамна, таа откри дека својот седумгодишен син Џексон кој е посвоен го воспитува како да е девојче. Тој имал само три години кога ѝ рекол дека не се чувствува како момче и сега Шарлиз вели дека има две убави девојчиња.
„Ете, и јас мислев дека е момче. Но, кога на три години ме погледна и ми рече: „Не сум момче“, сфатив дека децата самите си се пронаоѓаат. Актерката има две деца. Џексон го посвои во март во 2012 година, а ќерката Огуст во јули во 2015.
Фото- Ројтерс