Мајка ми пет месеци била во кома откако ме родила, докторот рекол дека само јас можам да ја разбудам: Северина откри детали од нејзиниот живот
Хрватската пејачка Северина Вучковиќ на социјалната мрежа Инстаграм објави видео со нејзината мајка, Ана.
Со оглед на тоа дека многу се грижи за својата мајка, како и често нагласувајќи дека секогаш и била „ветер во грб“, не е чудно што пејачката и посвети емотивни зборови на крајот од оваа година на жената која и подарила живот.
- Пет месеци беше во кома по породувањето со мене, но вели дека вредело - напиша Северина и со оваа исповед остави многумина без зборови.
-Ме родила со царски рез и не ме држела пет месеци бидејќи била во кома. Бев нејзин трет царски рез и во 1972 година не се разбудила пет месеци. Ме родила во осмиот месец од бременоста, сум имала два килограми. Докторот бил прекрасен и ме оставил цело време во собата со неа, не дозволувл да ме одведат од неа, рекол само јас можам да ја разбудам од кома. Бабицата секој ден ме ставала во скут додека спиела – изјави еднаш Северина на хрватската Глорија.
Да потсетиме, скандалот што ја одбележа 2022 година на Северина беше пресметка со сопствената сестра Маријана во август. Како што пријавила Маријана во полиција, двете се степале во стан во Сплит, пред очите на нивната мајка Ана.
Фото: Инстаграм
Извор: kurir.rs