МАЈКА СИ ГИ ПРОДАЛА ШТОТУКУ РОДЕНИТЕ ДЕЦА: И таткото имал одвратен план

Новопечена мајка од Кина направила морбидна работа. Таа своите штотуку родени близнаци ги продала за 7.400 фунти, за да го исплати својот долг на кредитната картичка и да си купи нов телефон.

Според, LADBible мајката ги продала и двете момчињата на возраст под две недели на две различни семејства кои живееле 700 километри оддалечени од нејзиниот роден град.

Жената која ги продала своите штотуку родени близнаци, заедно со нејзиниот партнер и татко на децата биле уапсени од полицијата, а бебињата биле предадени на згрижување кај нивните баби и дедовци.

Полицијата открила дека мајката која ги родила близнаците е заведена со презимето Ма, а се породила минатиот септември. Бебињата биле родени предвреме и затоа биле извесен период ставени во инкубатор. Нејзиниот партнер, со презиме Ву, не се појавил во болницата, па Ма решила да ги продаде децата на странци.

Кинеските медиуми пренесоа дека таа изјавила дека го сторила тоа затоа што „немала пари и била во големи долгови“, а нејзиното семејство не сакало да и помогне бидејќи останала бремена вонбрачно.

Ву, наводно, одговорил само кога дознал дека таа ги продала своите деца за да бара удел од заработката и со тоа да ги исплати долговите за коцкање.