Животна училница // Приказни
Македонската риалити ѕвезда Елеонора Миљковиќ направи свадба од соништата: Раскошен фустан и младоженец во светкав костум (ГАЛЕРИЈА)
По романтичното запросување, веридбата, а и моминската вечер со другарките, ред дојде и на свадбената веселба за македонската риалити ѕвезда и топ модел Елеонора Миљковиќ.
Атрактивната Елеонора на својот посебен ден изгледаше токму така- посебно. Имено таа избра раскошна венчаница со кристали и длабоко деколте.
Нејзиниот венчан сопруг пак избра класичен црн костум со светки.
По венчавката во црква, Нора се пресоблече во тесен фустан со интересни детали направени од бисери. Со двете венчаници таа носеше круна на главата.
Голем впечаток на церемонијата остави огромната торта од бели цвеќиња коа светеше.
Нека им е со среќа!