Меган го одби Хари: Војвотката денес полни 38 години

Добивај вести на Viber

На својот официјален Инстаграм профил, принцот Хари ја објави својата омиелена фотографија со неговата сопруга, Меган Маркл. Хари на Меган со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот.

„Среќен роденден на мојата неверојатна сопруга. Ти благодарам што ми се придружи во оваа авантура. Те сакам. Х“, напиша принцот.

Фотографијата е направена пред речиси една година. За само неколку часа, таа доби половина милион допаѓања и преку 10.000 коментари за среќен роденден на Меган. Војвотката од Сасекс, наводно не сакала гламурозна прослава за 38. роденден, туку скормна, интимна прослава, а не нарачала никаков подарок од Хари, пишува „Сан“. 

„Таа го одби Хари за подарок. Не сакаше ништо, само да се заедно на овој ден“, изјавил извор за англискиот таблоид.