Меган никогаш не ѝ прости на Елизабета: Вистинската причина за кавгите во кралството

Во дел од своите досегашни настапи во јавноста, Меган Маркл покажа дека не ги почитува многу правилата и традицијата на кралското семејство. Медиумите последниве месеци на големо пишуваат дека сопругата на принцот Хари е во лоши односи со својата јатрва, Кејт Мидлтон, но не му е омилена ниту на принцот Вилијам.

Според најновите написи во таблоидите, причината за кавгите во британското кралско семејство е стара повеќе од една година, а започнала уште пред венчавката на Меган и на Хари.

Меган со мајка си, Дориа Рагланд 

Наводно, Меган не можела да ѝ прости на кралицата Елизабета и на сите други членови на семејството да им прости што не ѝ  дозволија до олтарот на венчавката да ја испрати нејзината мајка, Дориа Рагланд. Меган е во лоши односи со својот татко, а семејството на Хари не попушти пред желбата невестата до олтар да ја следи жена.

Место мајката, Меган до олтарот ја испрати принцот Чарлс. 

До олтарот, Меган ја испрати принцот Чарлс 

Во кралското семејство не ја прифатија оваа вест со воодушевување, една жена да ја има традиционалната машка улога на венчавката, пишува „Мирор“. 

Таткото на војвотката од Сасекс, Томас Маркл не беше повикан на венчавката.