Министерството за труд и социјална политика работи на расветлување на случајот со 11 месечното дете

Добивај вести на Viber

Министерството за труд и социјална политика денеска преку соопштение информираше дека е запознато со случајот за каснатото 11 месечно дете и е во постојан контакт со градинката.

„Одделението за инспекциски надзор за заштита на децата е веќе на терен и работи на расветлување на случајот, односно за тоа како настанала повредата на детето и ако постои сомнеж согласно со Закон ќе се поведе постапка за утврдување на дисциплински престап. Поради намалениот број на деца во јавните установи за деца детски градинки во летниот период долгогодишна пракса е децата од различни занимални следствено на возраста да се згрижуваат во помал број на занимални, но тоа не значи и зголемен број на деца во занималните“, информираа од Министерството.

Имено мајка на 11-месечно бебе вчера преживеала вистинска траума по земањето на своето бебе од една скопска градинка. Својата приказна ја сподели на Фејсбук и наиде на многу поддршка и коментари.