„Мислев дека е крај на светот“: Исповед на Момчило Оташевиќ за разводот
Шармантниот актер пред околу една година стави точка на бракот со хрватската актерка, а неодамна призна дека не му било лесно
На почетокот на годината регионалните медиуми објавија дека црногорскиот актер Момчило Оташевиќ (33), ѕвезда на некои од најпопуларните регионални серии, се разведува од хрватската актерка Јелена Перчин, со која беше во брак од 2018 година.
- Глупаво е од мене да лажам. Се разделуваме. Секогаш се трудев да не зборувам за мојот интимен живот, не ни зборував за венчавката, па нема ни да зборувам за разводот – изјави тогаш Јелена.
Актерот не се огласи за разводот од сопругата со која има две деца - Јакша и Маша, а неодамна за магазинот „Глорија“ призна дека му било многу тешко.
- Кога се случи, прво помислив дека тоа е крај на светот - изјави Оташевиќ.
Сепак, како што истакнува, откако размислил за сѐ, сфатил дека тоа е најдобрата можна одлука за семејството.
- Сепак, кога размислив, сфатив дека можеби така е подобро и го барав најдоброто решение за децата и го следев тоа. Немав многу време за мислење. Денеска се трудам да размислувам позитивно и да се организирам најдобро што можам во новонастанатата ситуација. Тешко е, промената е огромна, а децата сега се на прво место – нагласи актерот.
Во истото интервју Момчило откри дека најмногу ужива да го поминува времето со своите деца во родната Црна Гора.
- Најголемо задоволство ми е престојот во Цетиње, со родителите и на море. Таму сфатив колку енергија има Маша и често се прашував колку може да трча и да скока. Мајка ми Нада и тато ми Душко ми велат дека таа е иста, дека и јас сум бил таков, ако не и полош - вели гордиот тато.
- Се трудам да ја негувам нејзината љубопитност и хиперактивност, барем два пати неделно одиме со скокање на трамболина или качување. Постојано сме активни, ако немаме друг избор, одиме во парк да играме. Чувам рекети за тенис, пинг-понг и бадминтон и најмалку три топки во автомобилот бидејќи никогаш не знам на каква игра ќе помислат - вели актерот.
Извор: glossy.rs