Младата месечина во август ни носи невидена среќа: Овие работи никако не правете ги утре
Млада месечина во август ќе има два пати, на 1 и на 30 август. За време на овој период доаѓа до обновување на енергијата, а според верувањата, први август е најсреќниот ден во месецот.
Младата месечина може да ни донесе среќа во следните активности: спортски натпревари, креативни конкурси, нови идеи и планови, забави, деловни преговори и нова диета.
Според советите на астролозите, август во 2019 година секој од нас треба да го посвети на работа на себе си. На пример, започнете диета, почнете да вежбате во теретана, запишете се на нов курс.
Први август е добар ден за промена во кариерата. Не плашете се од промени и од сериозни разговори.
Што никако не смеете да направите на први август: токму на овој ден немојте да ја напушите работата, не се шишајте, не е препорачливо да одите на операција освен ако е итно и никако немојте никому да позајмите пари.