МОДЕРНИ РОБИНКИ: Негувателки од Балканот па и од Македонија во Европа работат на црно, 24 часа на ден и без никакви услови за работа

Бакнеж за збогум во зори, комбе или автобус, еден куфер: турско кафе, пури, мобилен телефон (на него Viber, Facebook и Google translate)... Ова е секојдневието на негувателките од овие простори кои работат во земјите од Западна Европа. Повеќе од стотици жени од сите земји на поранешна Југославија секојдневно заминуваат во земјите од Западна Европа за да работат како негуватели на стари лица во нивните домаќинства. Остануваат од 15 дена до 3 месеци, се враќаат дома истиот период, а потоа повторно…

„Негувателот живее во домот на згриженото лице и треба да биде на располагање поголем дел од денот. Работата трае од 15 дена до три месеци. За оние кои немаат европски пасош, тоа е обично три месеци, што е законски максимум. После тоа си одиш дома, остануваш три месеци па пак истото. Додека си дома, друга личност те менува. Додека си дома тие три месеци, не си платен“, вели Нејра Нуна Ченгиќ, антрополог, моментално вработена на Универзитетот во Грац, Центар за студии на Југоисточна Европа.

Жените од Балканот најчесто одат на оваа форма на неформална или нелегална работа преку посредници.

Подетално на Фактор тука.