Моето момче 4 години криеше од мене шокантна тајна, а кога ми призна, уништи сѐ: Направи нешто страшно и сега не знам што да правам

Добивај вести на Viber

Една жена на Редит ја објавила болната ситуација со која се соочила кога нејзиното момче одеднаш открило тајна што ја чувал од неа четири години. На крајот, неговата одлука да и признае прељуба ја уништи нивната врска.

Искреноста е една од најважните квалитети во секоја врска и врз неа се гради доверба. Затоа, чувањето тајни речиси никогаш не завршува добро. Особено ако долго време ја криете својата прељуба. Токму во таква ситуација се нашла една жена, која решила своето болно искуство да го сподели на Интернет.

Имено, нејзиниот партнер по четири години врска „како гром од ведро небо“ и открил шокантна тајна која цело време ја криел.

Сè започнало кога тој одеднаш и признал дека жена, со која игра видео игри, му праќала голи фотографии од неа. Иако тврдел дека ја блокирал и ги избришал пораките после тоа, таа се посомневала и решила се да истражи.

Во објава на Редит, таа раскажа како со негова дозвола успеала да ги врати избришаните пораки.

„Секако, не беше целосно искрен. Кога го фатив во лага, ми се извини, но и се обидуваше да ги оправда своите постапки со разни изговори. Конечно, кога го прашав зошто се брани, застана и призна дека сум во право. Тој направи страшна работа и не знаеше зошто го направи тоа“, напиша оваа жена.

Тој и дозволил да му ги пребара компјутерот и телефонот, а иако не нашла други докази за изневерување, видела дека тој се обидува да најде начин трајно да го избрише разговорот со другата жена, пренесува Мирор.

Сега жената билво дилема дали да го остави или не. Таа рече дека нејзиниот инстинкт и кажува да прекине со него. Сепак, таа не била сигурна дали е подготвена да ги „фрли“ четирите години поминати со него, особено што претходно разговараа за заедничка иднина.

Многу корисници ја охрабрија да го остави. Еден корисник напиша: „Изневерува, лаже и призна само кога го фати. Довербата е неповратно изгубена. Време е да го оставиш - не дозволувај четиригодишното непочитување да те држи во врска“.

„Сакаш да останеш затоа што мислиш дека ќе ги изгубиш сите тие години. Но тој ќе го направи тоа повторно. Време е за нов почеток", ѝ рекол друг.

Фото:Freepik.com
Извор: Zena.blic.rs