Момче објави видео како пали шума: Полицијата трага по него
Недлежните трагаат по момчето кое објави видео на „Тик Ток“ во кое се гледа дека пали шума.
Полицијата вчера добила пријава и ја испитува снимката на тинејџер кој се снимал како предизвикува пожар и ја објави на социјалните мрежи.
„Нa 4 август 2020 до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР на Република Северна Македонија, преку сервисот „Црвено копче“ пристигната е пријава за лице кое на сервисот за споделување на видеа ТИК ТОК се снима додека врши палење на јавни површини. Пријавата е доставена до СВР Скопје, како надлежна организациона единица која постапува по сторени кривични дела од таа област. МВР презема мерки и активности за утврдување на точниот идентитет на снимката и на учесниците во неа, како и за понатамошно расчистување на настанот“, соопшти МВР.
Момчето под псевдонимот „џељокинг2020“, на социјалната мрежа „Тик Ток“ објавил видеа како со запалка потпалува грмушка по што настанува пожар.
Тој од „забава", на некој рид запали намерно грмушка и предизвика голем пожар.