,

Морничаво видео: Мика Алексиќ врши тортура над децата во далечната 1998

Кој е Мика Алексиќ?!
Човекот кој од обожаваниот гениј на српскиот театар, одеднаш се претвори во одвратно чудовиште.

Наследник е на славниот Бата Миладиновиќ, кој пред неколку децении ја водеше актерската секција на Радио Белград, низ која минуваше елитата на белградскиот театар. 

Низ неговото училиште за глума поминаа неколку илјади деца, кои денес се на различни позиции во општеството и кои формираат, ако не елита на српскиот театар, тогаш секако прилично широк социјален круг во Белград.

Децата се запишувале во ова училиште од пет или шест годишна возраст, а најдоцна на 13 години.

После храброто признавање на актерката Милена Радуловиќ, Алексиќ не само што е најстрашно осуден од луѓето, туку, они кои го паметат од самите почетоци се сеќаваат каков всушност бил тој, а неговото тогашно однесување, го поврзуваат со тоа што тој години подоцна почнал да го прави, односно сексуално да злоупотребува девојчиња.

За тоа сведочи и видео од далечната 1998 година, на кое е забележано како Алексиќ буквално врши тортура над децата, нарекувајќи ги со погрдни имиња, од глупав, ќорав, глуперда, дебел... правејќи да се чувствуваат безвредно, терајќи ги да плачат присилно, казнувајќи ги.

Децата се оправдуваат и бранат пред него и делуваат многу исплашени.

Покрај тоа, Алексиќ ги тера малите девојчиња да имитираат пејачки од домашната сцена, но тоа да го прават на начин кој можеби и не доликува за млади девојчиња.

Човекот едноставно воспитува и формира деца, во најконзервативен дух, кој се заснова врз чиста послушност кон авторитетот, се разбира неговиот личен.

Во емисијата во која во тоа време е повикан Алексиќ, водителката го прашува отворено, зошто го прави сето тоа, а во неговите одговори, речиси и да нема одговор.

Погледнете го видеото:


Поврзани вести:

-Не плачи, не си сама: Бајага ѝ напиша песна на храбрата Милена Радуловиќ
-Во име на генерациите кои дозволија криминалци да се луѓе со престиж, им се извинувам и поклонувам: Драган Бјелогрлиќ со сето срце е со Ива и Милена
-Мика Алексиќ имал посебна шифра за девојките кои ги злоупотребувал: Сексуалниот предатор ги терал да носат што пократки здолништа