„Му испратив порака тоа утро...“:Првото интервју на Џенифер Анистон по смртта на Метју Пери

Добивај вести на Viber

Фото: youtube printscreen

Џенифер Анистон беше скршена по смртта на нејзиниот колега и пријател Метју Пери, а го даде првото интервју по трагедијата

Актерката Џенифер Анистон во своето прво интервју по смртта на нејзиниот драг колега Метју Пери зборуваше за него и за нејзините емоции по шокантната загуба на пријателот.

Да потсетиме, Метју Пери почина на крајот на октомври во својот дом, во џакузито, а деталите сѐ уште не се целосно познати бидејќи сѐ уште се чека токсиколошкиот извештај.

За Џенифер се вели дека најтешко ја поднела смртта на Метју и едвај издржала кога таа, прва меѓу „Пријателите“, пристигнала на неговиот погреб. Освен тоа, уште потешко ѝ било што тоа е втора голема загуба, по смртта на нејзиниот татко.

Џенифер и Метју беа пријатели и во одличен однос, иако на почетокот на снимањето на „Пријатели“, Метју беше лудо вљубен во Џенифер, за што пишуваше во својата книга „Пријатели, љубовници и големата страшна работа“.


Таа никогаш не му возврати на таа љубов, но успеаја да изградат убава врска, полна со љубов и почит, а таа беше голем поддржувач на неговиот пат кон закрепнување од дрога и алкохол.

Џенифер зборуваше за тоа како Метју бил на „добро место“ во неговиот живот, додека Рис Витерспун ја држеше за рака.

- Престана да пуши. Се донесе во форма. Беше среќен, толку знам - раскажа Џенифер Анистон со насолзени очи во новото интервју за „Variety“.

- Буквално тоа утро му пратив порака,ех забавен Мети... Не го болеше, не се бореше, беше среќен.

Актерката истакна дека Пери не паднал повторно во канџите на зависноста, иако многумина веруваат во тоа, со оглед на неговата долготрајна борба со дрогата и алкохолот.

– Би сакала луѓето да знаат дека тој беше навистина здрав. Имаше цел и напорно работеше на тоа, изјави Џенифер. – Не му беше лесно. Многу ми недостига мене и на сите. Боже, колку нѐ смееше!


Извор: glossy.espreso.co.rs