Му сврте грб на Холивуд и се посвети на нешто преубаво: Која е Натали Кели, 24 год. помладата девојка на Шон Пен?
Нова романса во срцето на Холивуд за која шушка славниот свет
Познатиот холивудски заводник Шон Пен повеќе не ја крие врската со Натали Кели, поранешна актерка, а денес позната климатска и автохтона активистка. И додека сите го паметат Шон по одличните улоги во бројни филмови, кариерата на Натали Кели се вртеше најмногу околу ТВ емисиите.
Таа е родена во Перу, израсната во Австралија и се прослави во хит сериите Тело на доказ, Нереално, Дневниците на вампирите и Династија. Во 2010 година, таа се најде во центарот на вниманието откако ја играше љубовта на Бруно Марс во еден од неговите музички спотови.
Иако ја чекаше успешна кариера, таа реши да го остави Холивуд на страна и повеќе да се фокусира на животот и сиромашните.
Пен и Натали неодамна беа забележани како се релаксираат на плажа во Мајами, набргу откако Пен раскина со актерката Олга Коротјаева (43).
Who is Sean Penn's new Aussie girlfriend? Meet actress Nathalie Kelley, 39, who turned her back on Hollywood to become a climate and indigenous activist... following 63-year-old's split from fellow Australian Leila George, 31 https://t.co/AjX8yaZtqT pic.twitter.com/8AsN9f9XEu
— Josiah Williams (@Josiah_FL) December 10, 2023
Во една прилика во едно интервју актерката откри дека не ѝ се допаѓа „животот во Лос Анџелес“ и дека поради тоа паднала во „длабока депресија“. Сѐ се случи откако таа глуми во Токио Дрифт бидејќи филмот, улогата и успехот не ги исполнија нејзините очекувања.
Откако закрепна, реши да се бори против климатските промени и да ги научи луѓето за нејзината татковина и за она што е важно за секој човек.
Во мај 2020 година, Натали вети дека нема да купува нова облека цела година како дел од кампањата, бидејќи е важно луѓето да разберат колку е деструктивна модната индустрија за Земјата.
Актерката претходно беше во врска со Џонатан Хартлен-Метјус, Далас Остин и Зак Роериг.
Откако се состануваше со Џорди Бароуз неколку месеци, таа го запроси во 2018 година и се омажи истата година, пред да се разведе во август 2020 година, кога излезе во јавноста со новото момче Андрес Алонсо.
Медиумите објавија дека нејзината последна врска била со Зак Голдсмит кога парот бил забележан како се бакнува и гушка на аеродромот Хитроу.
Шон Пен веднаш по него влезе во емотивна врска. Многумина беа изненадени што е многу постар од Натали.
Натали, која има перуанско и аргентинско потекло и се идентификува како домородна, сподели долга објава на Инстаграм во тоа време, тврдејќи дека вистинските пердуви немаат место на облеката.
- Ова е погрешно и штетно бидејќи ги турка кон истребување дивите видови во Амазон.