Мудрата девојка бакнува, но не сака.. Слуша, но не верува..
Мерилин Монро беше позната актерка, пејачка, модел и танчерка. Играше во многубројни филмови, а нејзина најголема улога е во филмот „Некои го сакаат тоа жешко“. Имаше краток, но бурен живот, а и денес, 57 години по нејзината смрт, важи за една од најцитираните жени.
- Постоеше девојка која знаеше да биде среќна и тогаш кога е тажна.
- Верувам дека сѐ се случува со причина. Луѓето се менуваат, за да научите да ги пуштите. Работите не одат како што треба, за да знаете како да процените кога сте во право. Верувајте во лаги, за на крајот да научите да не верувате на никој освен на себе си.
- Јас сум себична, нестрплива и помалку несигурна. Понекогаш правам грешки, понекогаш сум надвор од контрола и од време на време тешка за ракување. Но, ако не можеш да ме поднесуваш кога сум најлоша, сигурно не заслужуваш и кога сум најдобра.
- Убавината е во несовршеноста. Подобро е да бидете апсолутно смшени, отколку апсолутно досадни.
- Никогаш нема да знаете каков е животот, ако сами не го живеете.
- Сите треба да почнеме да живееме, пред да бидете стари. Глупаво е да се плашите. И да се каете, исто така.
- Се обидувам да се најдам како личност и понекогаш не е лесно. Многу луѓе никогаш не се проноаѓаат. Но, тоа е нешто што морам да го направам. А најдобар начин е да си докажам на себе дека сум актерка.
- Кариерата се раѓа во јавност, талентот во тајност.
- Не ми пречи животот во машки свет, сѐ додека можам да бидам жена во истиот.
- Успехот прави многу луѓе да ве мразат. Би сакала да не е така.
- Кучиња никогаш ме немаат изгризано. Само луѓе.
- Мудрата девојка бакнува, но не сака, слуша, но не верува и оставува пред да биде оставена.
- Подобро е да бидете несреќни сами, отколку незадоволни со некој.
- Подобро е да ве замрзат за она што сте, отколку да ве сакаат поради нешто што не сте.