На 70 години роди близнаци и стана петта најстара жена родилка: Да се има едно дете е ризик, како кибритче во кутија, затоа сакав повеќе
Дека медицината постојано напредува, доказ е и фактот што Сафина Намукваја од Уганда 29 ноември оваа година, на 70-годишна возраст, роди близнаци откако останала бремена преку третман со ИВФ.
Сафина родила момче и девојче со царски рез во Центарот за плодност во Кампала.
Г-ѓа Намукваја стана една од најстарите жени што некогаш родила дете, а таа самата изјави за локалните медиуми дека тоа е „чудо“. За потсетување, рекордот моментално го држи 74-годишната Индијка, Ерамати Мангајама, која роди близнаци во 2019 година, исто така откако забремени со помош на ИВФ третман. Само четири други жени биле постари од Сафина кога се породиле и сите имале меѓу 70 и 74 години.
<iframe src="https://www.facebook.com/plugins/video.php?height=314&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FWHIFCug%2Fvideos%2F886091439829673%2F&show_text=true&width=560&t=0" width="560" height="429" style="border:none;overflow:hidden" scrolling="no" frameborder="0" allowfullscreen="true" allow="autoplay; clipboard-write; encrypted-media; picture-in-picture; web-share" allowFullScreen="true"></iframe>
Болницата и честиташе на храбрата Африканка, велејќи дека тоа е повеќе од медицински успех, туку и за силата и издржливоста на човечкиот дух.
„Постигнавме нешто извонредно - ја породивме најстарата мајка во Африка која има 70 години и роди близнаци. И мајката и бебињата се добро“, пишува на Фејсбук страницата на Женската меѓународна болница и центар за плодност во Уганда.
Сафина за локалните медиуми изјавила дека нејзината бременост била тешка бидејќи нејзиниот партнер ја оставил кога дознал дека ќе има близнаци.
„Мажите не сакаат кога ќе им кажете дека ќе имате повеќе од едно дете. Откако бев примена во болница, мојот маж не се појави", вели таа.
Ова е нејзина втора бременост за три години, во 2020 година роди девојче. Таа вели дека сакала да има деца откако околината ја осудила дека нема потомство и дека не сакала да застане на едно дете бидејќи „да имаш едно дете е ризик“. „Тоа е како да имаш едно кибритче во кутија“, опишала таа.
Не е познато дали користела донаторски јајце клетка или нејзина, која била замрзната кога била помлада.
Фото: www.freepik.com/ Facebook - Women's Hospital International and Fertility Centre
Извор: zena.blic.rs