(ФОТО) На 9 години го изгубила лицето: Размислувала за самоубиство, но сега го воодушеви светот!

По несреќата, животот на девојката драстично се влошил, размислувала за самоубиство, но еден момент променил се

Шалом и нејзината сестра, на само 9 години доживеале несреќа која оставила последици за целиот нивен живот. Меѓутоа, тоа не ги спречило да станат среќни и успешни.

Имено, додека биле деца, Шалом и нејзината помала сестра, еден ден одлучиле да се сокријат под масата во ресторанот на нивната мајка во Нигерија, и тука заспале. Бидејќи мајката не знаела дека децата спијат тука, ставила лонец со жешко масло на масата. Некој случајно го турнал лонецот и се се излеало на двете мали сестрички.

Се додека не отишле во Америка, се бореле со последиците од страшната несреќа. Шалом денеска е „мејк-ап“ ѕвезда која има многу следачи на нејзиниот јутјуб канал.

„Се сеќавам само на викањето и на болката на моето тело, кожата буквално ми паѓаше на подот“- раскажува Бек Шалом, која се сеќава дека мајка и и кажала дека се онесвестила во тој момент.

По несреќата, животот на девојката драстично се влошил.

„Децата со кои порано си играв, почнаа да се плашат од мене, ме нарекуваа чудовиште. Размислував за самоубиство“- признава таа.

Нејзиниот живот бил бесмислен и тежок, многу време поминувала по болници, и постојано имала операции.

Еден ден пронашла туторијали за шминкање и тоа и го променило животот.

„Се сеќавам на девојката што имаше рак и немаше воопшто коса. Размислував за тоа колку е млада и храбра и како тоа го покажува јавно, па одлучив да се предизвикам себе си и да го направам она од што најмногу се плашам. Почнав да се снимам, објавив и фотографии без перика, што за мене беше голема работа. Бев многу исплашена, а кога луѓето почнаа да ми кажуваат дека моите фотографии ги инспирираат, и јас бев мотивирана“, -изјави оваа храбра девојка.

Многу брзо, нејзините снимки станаа вирални, а нејзината самодоверба станала огромна. Пола милион луѓе секојдневно ја пратат и во тоа гледа голем мотив за да опстане.