На сопругот му роди дете 5 години по неговата смрт: „Планирам повторно да забременам“

Таа го оствари својот сон да стане мајка

Пред пет години, светот на Кимберли Холмс Ајверсон се сруши кога нејзиниот сопруг Рашид трагично загина во несреќа што се случи на само неколку метри од нивната куќа. Нивните заеднички соништа да се остварат како родители беа разбиени за само еден ден.

Сепак, Кимберли дошла на идеја да ги праша лекарите дали постои можност да се земат примероци на сперма на нејзиниот покоен сопруг.

- Кога Рашид настрада, по неколку часа, ги замолив моите пријатели да се распрашаат дали можам да побарам такво нешто од докторот - рече оваа жена. 

Се покажа дека е можно. Лекарите го извлекоа генетскиот материјал на Рашид и го замрзнаа, а Кимберли отиде на ин витро оплодување 5 години по смртта на нејзиниот сопруг.

Оваа жена го опиша искуството со ин витро оплодување во една книга, во која откри дека ја запознала својата нова љубов за време на бременоста - Даријен. 

- Даријен е неверојатен и полн со љубов, и воопшто не му пречи што на мојот покоен сопруг му родив дете - изјавува Кимберли.  

Во мај оваа година, двојката доби здрава ќерка Киран. Заедно со фотографијата со нејзината ќерка, Кимберли напиша трогателна порака. 

- Сакам да им се заблагодарам на сите пријатели кои беа со мене кога ми беше најтешко и кои ја поддржаа оваа одлука. Вие ме држевте за рака низ ова патување, на кое го запознав човекот на мојот живот. Ќе родам повеќе деца, тоа е сигурно, на мојот покоен сопруг и на Даријан - напиша таа.


Фото: Инстаграм/kimkeepsgoing

Можеби ќе ве интересира:

Кога ја родив Емилија лекарите ми рекоа: Родивте дете од една година