Актуелно // Insta вести
„На Велигден нѐ избркаа од Соборниот храм“: Грчева за непријатното искуство на големиот христијански празник
- 17 Април, 2023
- Нашиот Соборен храм, од каде штотуку доаѓам, ни го затворија пред нос во 19 часот. На нашиот најголем празник, напиша професорката Солза Грчева.
Нагласи дека биле грубо избркани со зборовите „Ајде тргајте се од тука”.
- Сите што чекаа да влезат и купат свеќи и остават пари и ја помагаат со тоа и црквата, бевме избркани со зборовите: „Ајде тргајте се од тука”. На Велигден затворен главниот храм. Цел свет прошетав, ниту една црква затворена на празник не сум начекала.
А, се жалат дека се намалил бројот на верници.
Срамота за црквата, греота за луѓето!“ - напиша Гркова во своето обраќање на Фејсбук.
Целата објава може да ја прочитате на Фактор.
фото: Фејсбук