Најчудната година, за нив најсреќна: Познати бремени дами во време на светската пандемија

Ако очекувате бебе, или се породивте годинава - во време на пандемијата, и тоа ви претставува посебен предизвик, се надеваме дека ќе се чувствувате помалку сами кога ќе видите кои познати жени поминаа низ истово.

2020 е дефинитивно чудна година, која пополека се подготвуваме да ја испратиме, за среќа.

Иако невидливиот непријател годинава не' изненади и ни донесе многу непредвидливи моменти, многу од нас можеби и ќе ја паметат како несреќна година, чиј крај едвај го очекуваат, а има и такви за кои и покрај пандемијата, 2020 е година која ќе ја паметат по една од најблагородните работи во сечиј живот, а тоа е останување во блажена состојба или пак по донесување бебнце на светот.
 
Дури иако бременоста била внимателно планирана, никој не ни замислил дека може да го очекува или дочека своето дете во време на пандемија која владее во цел свет.
Но, сигурни сме дека во овие тешки времиња, бременоста била двигател во животот на овие дами.
Па да почнеме, кои познати дами забременија и/или се породија во 2020година:

Шарматната водителка Цеце Трајковска од Телма во моментов го живее најубавиот период. Среќата со која што зрачи оддалеку се познава, ја сподели и со читателите на Женски магазин. 

 „Кога дознав дека сум бремена, не бевме изненадени бидејќи тоа е нешто што и двајцата со Столе го посакувавме и очекувавме. Бевме пресреќни, си го пуштивме нашиот омилен бенд Beach House и се изнагушкавме од среќа“, ни раскажа Цеце за најсреќниот момент за неа и за сопругот Столе, кој работи во Апелациониот Суд. Таа и Столе очекуваат машко. 

Ирина Атанаскова е млада девојка и познат тату мајстор од Скопје. Минатата година стапи во брак со својот партнер и колега од тату студиото „Nameless“, а годинава за првпат ќе се остварат во најубавата улога на светот- родители. Таа за Женски Магазин ги сподели искуствата со бременоста во време на светска пандемија на Ковид-19, во кои ќе се пронајдат многу трудници во моментов, велејќи дека била исплашена, но наместо паника, избрала да биде благодарна што е здрава.

ТВ-водителката Александра Пановска Илиевска, во 6-тата сезона од емисијата „Брза кујна“ паузира од водителството, поради приновата која ја очекуваат со сопругот со кого се заедно веќе 16 години. Таа е модерна идна мајка и често споделува фотографии со трудничкото стомаче во преден план.

Актерката Јелена Јованова беше бестрашна трудница која се породи во време на ковид-19, но и земјотресите во Загреб. 
„Живи сме, тоа е најбитно. Штетата ќе се среди“, ни изјави тогаш актерката Јованова, по силниот земјотрес кој во март го погоди Загреб. Таа неколку години живее во Хрватска со сопругот Стјепан Периќ, кој е исто така актер. А токму во овие тешки месеци на пандемијата, таа вешто криеше од очите на јавноста дека е бремена. Малиот Јаков веќе има 9 месеци, но Јелена не објавува фотографии од синчето.

Нора Шаќири исто така се породи годинава, во време на пандемијата, се карам со сопругот за да лечам нерви, ни изјави тогаш Нора, поминувајќи го деветиот месец од бременоста во домашна изолација.

Малиот Ијан има веќе 9 месеци и пресладок е.

 

Јана Бурче и сопругот Александар со кој се во брак нешто повеќе од две години, пред некое време го добија второто дете, а нивната ќерка Дона си доби братче.
Синчето го крстија Дарин, а таа пред некое време конечно го покажа и лиценцето на преслаткиот син.

Кога станува збор за регионално и светски познати дами, неколку вести за бременост направија вистински бум во јавноста.

Една од нив е породувањето на сната на Цеца, Богдана Ражнатовиќ. 
Сопругата на Вељко Ражнатовиќ, се породи и на свет донесе машко дете, кое го доби името по дедото - Жељко, кој е вистинска сензација од самото раѓање.

Манекенката Софија Милошевиќ и фудбалерот Лука Јовиќ на 8 септември го добија синот Алексеј. Софи е модерна мајка и често споделува фотографии со синчето.

Ѕвездата и модна икона од Истаграм, италијанката Кјара Ферањи исто така годинава сподели среќна вест со своите следбеници. Имено таа е бремена по вторпат, и го очекува второто дете со сопругот, музичарот Федез.
Веста ја соопшти нивното синче Лео, држејќи фотографија од ултразвук на бебето.

Емили Ратајковски - Емрата и Себастијан се во брак две години и наскоро за прв пат ќе се реализираат во улога на родители.
Среќната вест ја споделија за магазинот Вог, а начинот на кој таа се облекува предизвикува лавина коментари во јавноста.

Луна Џогани и Марко Миљковиќ, откако пред повеќе од месец се верија, сега со видео на „Youtube“ објавија дека го очекуваат своето прво дете. Ќерката на Анабела исто така бременоста ја поминува во време на пандемијата, а тие го открија и полот, чекаат девојче кое ќе се вика Миа.


Р.Ж.М

Погледнете кои се преубавите познати холивудски дами кои се породија во време на пандемијата.
-Болни почетоци, среќен крај: Свадбите, приновите и разводите на познатите во 2019