Се карам со сопругот за да лечам нерви: Нора Шаќири во домашна изолација во деветтиот месец од бременоста

Добивај вести на Viber

Водителката Нора Шаќири, која сега работи во секторот за односи со јавност во Министерството за култура, вели дека тешко ѝ паѓа изолацијата поради коронавирусот во деветтиот месец од бременоста, но дисциплинирана е и максимално внимава на себеси.

„Што мислите, како е да си бремена и уште во карантин?“, ни изјави Нора.

„Веќе десет дена не сум излезена од дома. Влегов во деветтиот месец, и носам машко дете. Воопшто не се плашам, но максимално внимавам на себе како и пред да се појави чудово од вирус. Стандардно пијам витамини секое сабајле, и јадам многу зеленчук и овошје. Излегувам ептен кога морам, на контрола и слично. Сега ќе почнат и ЦТГ прегледите па веројатно ќе морам многу почесто да излегувам. Главно седам на тераса, впивам сончева енергија, полека се подготвувам за доаѓањето на бебуш, местам и разместувам по дома и така ми поминува времето“ , раскажа Нора за Женски магазин.

„Паника кај мене нема, единствено што јас целата бременост бев многу активна и сакав така да остане до крајот, но ете, така е што како е. Во божји работи не се мешам, па како каже Бог така ќе биде, а јас се надевам само на најдоброто и за мене и за сиот свет“, додава Нора и вели дека нема страв од одењето во болница кога има закажан редовен преглед.

„Не се плашам. Сега треба сите да останеме здрави во главата и позитивни, инаку ќе полудиме и ако кивнеме“, вели Нора. Она што најмногу ја опушта во овие моменти е музиката и времето поминато со сопругорт, музичарот Марко Марковиќ и позитивниот дух кој е нејзино обележје.

„Музика ќе си пуштам, ќе си забришам прашина, пеглам завеси, се карам со Марко и така лечам нерви, хахаха. Што да правам, инаку ќе треба Марко на психијатрија да заврши, хахаха“, вели Нора и додава дека ако имала силна потреба да се раздвижи, среќа е што кејот на Вардар е многу близу до нивниот дом, па пред да се изолира, одела на многу куса прошетка кога кејот е празен, колку како што вели- еден круг, да пушти нога. 

М.Џаровска