,

Најслаткиот мал планинар кој спие на грбот на татко му: Цеце и Столе на планинарска тура на Шара со Бодан (ФОТО)

Првата радост на познатата водителка на утринските емисии на телевизија Телма, Цеце Трајковска Тодосовска, неодамна наполни една годинка.

Цеце во претходно интервју ни раскажа за своето досегашно мајчинско искуство, и како со сопругот уживаат во секој миг поминат со синот Бодан, а тоа се забележува и на фотките кои ги објавува на Инстаграм, особено оние кои ги сподели денес.

Цеце и сопругот Столе се страсни љубители на природата и велат дека се најсреќни во природа, а откако Бодан дојде во нивниот свет и тој е дел од нивните планинарски тури.

На најновите фотки, со опис: „На пат накај "Три води" на Шара со најмалиот планинар“, Бодан е буквално пресладок мал планинар додека спие на грбот на татко му.

View this post on Instagram

A post shared by Cece T. (@cecetodosovska)


Најслатката фотка која ќе ја видите денес:

Бодан кон крајот на минатата година ја имаше и првата поголема планинарска тура со родителите, токму на Шара.

View this post on Instagram

A post shared by Cece T. (@cecetodosovska)