Наместо хемотерапија, пат околу светот
Норма од
Соединетите Американски Држави има 90 години и е полна со живот. Иако неодамна
ѝ бил дијагностициран рак, таа одлучи наместо во болница, последните денови да
ги помине сведочејќи за убавината на светот.
- Се забавувам како никогаш порано! Завршив со лекарите! - им изјави Норма на медиумите откако одлучи да патува низ светот со своето куче, со синот и со снаата.
Сопругот на оваа супербабичка починал непосредно пред таа да се соочи со болеста. Сепак, оваа жена не ја изгубила волјата да живее со полни гради.
Нејзиниот лекар ѝ дал зелено светло да патува, свесен дека тоа е она што Норма навистина сака да го направи. Знаел дека можела да бира помеѓу ладните болнички ходници, хемотерапија со очекувани нуспојави и опуштен живот на пат околу светот. „Правете го тоа што го сакате и убаво да си поминете“, ѝ порачал докторот пред да замине.
Норма нема конкретен план која ќе биде нејзина следна дестинација. Вели дека сака да го живее моментот и максимално да му се препушти на уживањето.