Направете сами новогодишна елка: Не чини многу, а веројатно веќе имате сѐ што ви треба дома (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Доколку се‘ уште не сте купиле елка, а не сакате да потрошите многу пари, имаме решение за вас. Доколку дома имате картон и бела боја, вашата елка наскоро може да биде готова

Веќе ја чувствувате празничната атмосфера, па не би било лошо да внесете малку магија во вашиот дом. За да не потрошите многу пари на елка, секогаш можете да искористите неколку работи за да направите оригинална, која ќе биде уште подобра од купена во продавница.

Доколку имате стар картон, шестар и бела боја, тогаш можете да направите елка и да додадете декорации и украси по желба. Целата постапка погледнете ја во видеото подолу:


За оние кои сè уште се двоумат дали да внесат природна елка во куќата или да отпакуваат и украсат вештачка, можеби е корисно да се запознаат со некои карактеристики на четинарите. Секоја година, според продавачите на природни новогодишни елки, расте бројот на оние кои сакаат нивната куќа да мириса свежо за време на новогодишните празници.

 За декорација најчесто се купуваат ела, бор и смрека. Кој тип ќе го изберете зависи од вашите афинитети, но и од вашиот џеб.


Фото и Видео: Youtube

- Најгрдите или најоригиналните украси на годината? Поради оваа елка се крена прашина на Интернет, погледнете (ВИДЕО)

- Не мора да купувате елка: Направете своја магија со малку пари и неколку уникатни идеи (ВИДЕО)