Направете сами средство за дезинфекција на сите површини: Состојките сигурно ги имате дома

Исчистете ја куќата без хемикалии.

Ви донесуваме три рецепти за целосно природни средства кои можете да ги искористите за чистење на сите површини во куќата. Веројатно веќе ги имате повеќето потребни состојки дома:

1. Спреј со масло од чајно дрво

Чајното дрво е познато и ценето растение, пред се' поради неговите антисептички и антифунгални својства, па затоа е идеална состојка за чистење на површините во куќата.

Потребни состојки:

25 ml медицински алкохол
25 мл вода
15 капки чајно дрво

Подготовка:
Истурете медицински алкохол и вода во шишето со спреј, протресете и додадете есенцијално масло од чајно дрво. После тоа, уште еднаш измешајте сè добро и користете веднаш.

2. Спреј со есенцијални масла

Состојки:
0,5 л дестилирана вода
50 ml 70% медицински алкохол
Есенцијално масло со антибактериски својства (лимон, лаванда, чајно дрво)

За подготовка, треба само добро да ги измешате сите состојки.

За да користите средство за дезинфекција, добро е да имате распрскувач, со кој ќе ги прскате посакуваните простории. Ова средство за дезинфекција, покрај тоа што е потполно природно, убаво мириса и делува како освежувач на воздухот.

3. Средство за чистење на подови

Можете да користите какво било есенцијално масло со антибактериски својства (есенцијално масло од лимон, портокал, лаванда, рузмарин, чајно дрво ...) за да го направите овој чистач. Можете да користите само едно масло или комбинација од неколку. 

Состојки:
1 чаша јаболков оцет
10 капки есенцијално масло со антибактериско дејство
1,5 литри топла вода

Подготовка:

Добро измешајте ги сите состојки и исчистете ги подовите во куќата со нив.

-Најдобар трик за чистење на загорени садови: Сите ваши проблеми ќе исчезнат за момент
-(ВИДЕО) Генијално: Како лесно да ги исчистите радијаторите и да направите да блескаат
-Метод на чистење со кој нема да видите прашина 10 дена: Се користи во музеите