Нашата љубов згасна, бидејќи бев неподнослив: Вака зборуваше познатиот пејач кој долги години бил вљубен во Есма Реџепова

Добивај вести на Viber

„Веднаш се заљубив во неа“ - кажа пејачот...

Пејачот Мухарам Сербезовски своевремено во една исповед раскажа дека повеќе од пет децении бил лудо заљубен во покојната кралица на ромската музика, Есма Реџепова.

Меѓутоа, малку кој знае дека уште како тинејџер бил во врска со Есма, за што проговори дури неодамна.

„Тоа беше многу одамна, тогаш имав 12 години. Настапував по разни културно - уметнички друштва во Македонија и во една прилика сретнав млада девојка која ја повикаа да ја преведе песната која јас ја отпеав на ромски јазик, а другите не ја разбираа. Тоа беше Есма. Веднаш се заљубив во неа, а и таа во мене. Дури подоцна го призна тоа за некои весници кога ја прашаа за мене. Нашата љубов згасна бидејќи јас станав неподнослив, најверојатно поради тоа што станав познат и популарен пејач. Есма и јас бевме ромските Ромео и Јулија“ - кажа Мухарем за „Курир“ пред некое време.

Мухарем на многу колеги кои сега имаат успешни кариери им помогнал. Една од нив е и покојната Уснија Реџепова.

„Режисерите не можеа да најдат девојка која би ја глумела Коштана, а јас ја донесов Уснија и таа стана најпознатата Коштана. Беше ромска примадона, не беше кој знае колку пејачки квалитетна, но пленеше со нешто друго. Беше многу интелигентна“ - кажа пејачот.

Може да ве интересира: 

Останаа само голи ѕидови: Вака изгледа куќата во која Есма Реџепова нахрани 48 деца (ФОТО)

Се позајмуваше за музејот, две години спиевме во приколка: Синот на Есма си ја отвори душата