Наскоро ќе станат родители: Домот на синот и снаата на Јелена Бачиќ Алимпиќ е вистинска семејна оаза (ФОТО)
фото:printscreen instagram
Јелена Бачиќ Алимпиќ во последно време има многу причини да биде среќна. Нејзиниот син неодамна се ожени, а сега и неговата сопруга е во блажена состојба, што значи дека српската писателка наскоро ќе стане баба.
Синот на Јелена Бачиќ Алимпиќ се вика Марко и неодамна двапати ги израдува своите родители. Прво на Велигден ја запроси својата долгогодишна девојка Антонина, а потоа во септември го кажаа судбоносното „да“. Среќната Јелена тогаш не можеше да ја сокрие радоста.
- Ајде ангели! Мајка ве сака! Денеска пред Бога, утре пред народ – напиша гордата Јелена на Инстаграм по венчавката.
После тоа беше објавена нова добра вест, а тоа е дека Антонина е бремена и дека Јелена и нејзиниот сопруг Мирослав Алимпиќ наскоро ќе станат баба и дедо.
Мирослав, судија во Вишиот суд во Нови Сад, е долги години партнер на Јелена, а освен Марко, ја имаат и ќерката Дуња.
- Марко работи како менаџер во американска компанија и многу добро се снаоѓа. Со нетрпение ја очекувам секоја можност да поминуваме време заедно. Моите деца никогаш не сакале да се појавуваат во медиумите. Навистина, тоа помалку ѝ пречи на Дуња, но Марко едноставно не сака, а јас го почитувам тоа - изјави еднаш Јелена за медиумите.
Што се однесува до снаата, како и секоја грижлива мајка, така и Јелена на почетокот била малку загрижена.
-Признавам, на почетокот бев недоверлива, затоа што побогу тој е „син единец“, потоа Антонина влезе во неговиот живот, нашиот, и иако на почетокот ми беше тешко да го прифатам тоа дека некој би го сакал исто како и јас, дека некоја друга жена ќе биде покрај него кога не сум јас, со текот на времето сфатив колку сум благословена со мојата идна снаа, а дај боже и мајка на моите внуци - напиша воодушевената Јелена на Инстаграм.
Марко и Антонина живеат во Нови Сад, а од фотографиите што тие и Јелена ги објавија на оваа социјална мрежа може да се види и внатрешноста на нивниот стан.
Мебелот и опремата во кујната се многу елегантни, во целосно бели нијанси.
На сличен начин е и дневната, со фиока на која стои телевизорот, но и еден детаљ што покажува дека крушата не паѓа далеку од дрвото.
Имено, Јелена Бачиќ Алимпиќ, која долго време работеше како водителка, последниве години пишува. А од библиотеката што ја имаат Марко и Антонина во станот, јасно се гледа дека и тие сакаат да читаат.
извор:GLOSSY