Животна училница // Приказни
Наследникот на авторските права на Есма открива: Водам правна битка со фамилијата Реџепови
- 21 Јуни, 2018
Како тестаментален наследник на авторските права не можам да одам во ЗАМП и да побарам увид колку, условно кажано, Есма заработила постхумно, се жали Симеон Атанасов .
Тој е едно од 47-те деца кои кралицата на ромската песна ги одгледа, а раскажува дека во тек е судски спор со фамилијата Реџепови, нејзини внуци од браќа и сестри кои го оспоруваат документот.
Покрај другото Симеонов открива дека издавачки куќи со кои имаше соработка Есма сѐ уште носат профит, но никој нема увид во наплатените надоместоци според кои се врши пресметка и исплата на авторските хонорари.