Навистина не била Цеца: Ова е новата девојка на Перо Антиќ (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Уште еден пар на македонската јавна сцена покажа дека е заедно. Последните објави ги потврдуваат чаршиските муабети.

Некогашниот кошаркар на НБА и сегашен претседател на КФМ Перо Антиќ ја покажа новата љубов која ја криеше некое време .

Антиќ е во љубов со Сања Ристиќ, а тоа го потврдија и двајцата преку социјалните мрежи и фотографијата која ја постираа на инстаграм стори, a на која двајцата носат исти црвени пижами со мече и зимски капи.

„Ноќно возење во пижами“ - напиша Ристиќ.



Инаку Сања која е специјалистката за маркетинг, и инфлуенсерка стана позната уште многу одамна, кога како мало девојче го испеа познатиот хит „Ех тој Тоше“. Таа до пред неколку месеци беше во брак со ракометарот Дејан Пецаковски со кој има два сина.



Перо пак има Перо има три деца од бракот со Ружица.


ФОТО: Инстаграм принтскрин