Не биле еден за друг: Разводи на познатите Македонци
Според општата дефиниција, разводот е резултат на долгорочни брачни несогласувања и конфликти меѓу партнерите. Според истражувањето на психолошката и социјалната работа, тоа е еден од најстресните животни настани. Разводот настанува кога меѓусебната врска не го задоволува едниот или двајцата сопружници, па ги попречува до тој степен што не се подготвени да продолжат со таков брак. Тоа може да биде консензуално или со соодветна судска постапка кога службите за социјална заштита имаат многу важна улога. Ова особено се однесува на доверување на дете или деца на еден родител за понатамошна грижа и заштита, како и заштита на интересите на децата во иднина. Во последниве години, сè повеќе брачни советувалишта се вклучени во решавањето на проблемите во партнерските односи, со што се стреми да се постигне решавање на проблемот со помал ризик од продолжување на конфликтот дури и по разводот. Советувањето се врши преку форма на медијација или класично советување, а поуспешно е доколку започне за време на брачната криза, пред да се покрене разводот.
Развод обично значи поништување или реорганизација на законските должности и одговорности на бракот, со што се прекинуваат брачните врски меѓу брачната двојка според владеењето на правото на одредена земја или држава.
Разводот не ги одмина ни нашите познати личности во последниве години. Се разделија Перо и Ружица Антиќ, Маја Ристовска и Јован Костовски, Коки Јанков и Росана, Даниел Кајмакоски и Кристина Димитриевска, Лозано и Савка ја откажаа свадбата, а се разделија и Александра Накова и кошаркарот Гајдаџиев. Се разведоа Елена Велевска и Маријан.
Во февруари 2020, Елена Велевска, по неколку обиди да си сочува бракот со охриѓанецот Маријан, и по неколку објави од медумите дека се разведува претходниве две години, официјално објави дека се разделува од сопугот.
„Јас многу се трудев да го сочувам бракот, но не успеав. Ќе ви кажам кога ќе биде официјално, во тек е постапката за развод“, изјави Велевска за медиумите тогаш. Таа додаде дека двете ќерки и синот ѝ се најголемата поддршка, и оти љубовта не траела вечно како во бајките, а разводот не е ништо страшно во денешно време.
Манекенката Кристина Димитријевска и пејачот Даниел Кајмаковски исто така ставија крај на бракот во 2020. Пејачот продолжи да работи и живее во Белград, додека неговата поранешна сопруга, остана во земјава и почна да реди успеси во нејзината кариера. Заедно имаат син.
Маленко рекордер, се разведе по 4-ти пат во 2020
Поранешниот македонски пливач Александар Маленко се разведе по четврти пат. Тој на утринската емисија на Алфа најави дека веќе некое време не живее заедно со сопругата Фанче од Охрид со која има два сина. Маленко зад себе има четири брака и пет деца.
Тој подоцна изјави дека со сопругата не живее заедно веќе една ипол година. „Со Фанче решивме да се разделиме пред година ипол и досега никаде ништо не сум спомнал. Да, бевме седум години во брак, имаме две синчиња и бракот заврши со пријателска разделба, без трауми. Нема драма, нема помпезност“, изјави тогаш Маленко .
Емилија Розман се сврши по еден ден познанство и се раздели од Стефан.
По само 24 часа познаство, познатата манекенка и Мис на Македонија Емилија Розман ја прифати понудата за брак од Стефан Ангеловски и набрзо стави крај на оваа љубов. Веќе во септември 2020, Емилија ги избриша сите заеднички фотографии од социјалните мрежи и се пошегува на своја сметка: „Подарувам венчаница, два дена носена“, напиша Емилија.
Во јуни 2019 крај на љубовта ставија поранешниот македонскиот кошаркарски репрезентативец, Перо Антиќ, и неговата сопруга Ружица.
- Разводот е веќе официјализиран, а по 13 години заедница, остануваат во коректни односи поради трите сина - ни открија тогаш блиски пријатели на познатата двојка.
Лозано и Савка ја откажаа свадбата во 2017
По девет години врска, поп-пејачот Влатко Лозаноски-Лозано на крајот од летото 2017 ја раскина врската и свршувачката со Савка Грачанин, втора придружничка за Мис на Македонија во 2013 година. Лозано и Савка се свршија во декември во 2015 година, кога тој ја побара за жена на нејзиниот роденден. Блиски пријатели на двојката изјавија дека Савка се отселила од нивниот стан, а свадбата ја откажале.
Накова се разведе од кошаркарот Гајдаџиев
Манекенката Александра Накова, по две години брак, во 2017 се разведе од кошаркарот Никола Гајдаџиев. Уште пред да се објави веста за разводот, Александра и Никола не живееле заедно, но разделбата ја криеле од јавноста.
Иванна и Влатко
Поранешната водителка и поранешната шефица на протоколот на поранешниот премиер Зоран Заев, Иванна Хаџиевска и Влатко Кошевалиски исто така се разведоа во 2022 година.Иванна во 2017 година изјави:
„Тоа е човекот на мојот живот и уште 100 животи да имам, пак би се омажила за него. Тој ме поддржува и ме разбира во сѐ и тој е мојата најголема поддршка, а јас ја имав таа среќна ѕвезда да бидам со него“. Но, сепак не било така.