Рекорден број на бебиња во пандемската година и по некој развод: Свадбите, приновите и разделбите на познатите во 2020

Поради опасноста од зарзата со коронавирусот вирусот и пандемијата која трае уште од март, во годината што измина немаше свадби. Неколкумина од нашите познати личности ја избраа токму 2020 година да се венчаат, но веселбите беа интимни, во кругот на најблиските. Интересно е што се чини дека токму во пандемската 2020 година имаше најмногу принови кај познатите личности. Времето кое во изминативе месеци сите го поминавме најмногу дома, можеби за дел од познатите значело правење планови за проширување на семејството. Разводи имаше многу малку, освен еден, за кој оваа година јавноста дозна, а се случил претходно. Женски магазин традиционално направи ретроспектива за тоа кој годинава се ожени/омажи, разведе и кој стана родител.

НИНА ДЕАН СЕ ОМАЖИ И СТАНА МАЈКА

Познатата актерка Нина Деан во март, токму кога започна пандемијата, доби понуда за брак од својот партнер Мартин, за која се пофали на социјалните мрежи. „Да“ во време на коронавирус!“ напиша актерката под фотографијата.

Еден месец подоцна, во април, Нина и Мартин станаа родители на Каи, а веста за неговото раѓање на својот Фејсбук профил прва ја објави Гордана Дена Поп- Христова, мајката на Нина која живее во Еквадор. „Каи значи повеќе нешта на повеќе јазици. На хавајски значи океан, на кинески има повеќе значења, а најмногу означува победа, на турски значи силен.“, изјави Нина за Женски магазин. „Мартин е мојата прва посериозна љубов од средно училиште, и двајцата учевме во гимназијата „Никола Карев“. Откако раскинавме, се немавме видео 13 или 14 години, како да не сме живееле во ист град. Потоа сосема случајно се сретнавме, преку еден другар, во еден кафе-бар. Од тогаш помина повеќе од една година и ние не се разделивме“, ни ја  раскажа Нина љубовната приказна.

ЈЕЛЕНА ЈОВАНОВА ГО РОДИ ЈАКОВ

Фото: Шминка- Зоран Шурбевски, фото- Мартин Трајановски

Оваа година, син роди уште една позната актерка, Јелена Јованова- Периќ, која во моментов ја гледаме во петтата сезона на серијата „Преспав“. Јелена и нејзиниот сопруг Стјепан Периќ станаа родители на Јаков во јуни годинава. Бременоста на Јелена за жал помина во знакот на пандемијата, но на страшниот земјотрес кој го погоди Загреб каде што неколку години живее.

„Душата во петици, а Јаков стуткан и вознемирен под срце! Сè уште ми одзвонува во уши тоа утро кога над глава ни одлета кровот, кога цел ден се тресев како да сум гола закопана под снег. Кога облечена под маса со сите можни душеци и перници над неа спиев со денови“, изјави Јелена во интервју за Женски магазин.

Јелена раскажа дека сопругот бил со неа за време на породувањето. „Во тој момент со измешани среќа и незамислив умор собрав сили да тројцата се гушнеме и да си нарачам песна.  Додека тоневме во прегратка другарството го започнавме со "What a wonderful world" од  Луис Армстронг! Ни тргна со песна!“, раскажа актерката.

ЈАНА БУРЧЕ РОДИ СИН

Пејачката и водителка Јана Бурче и сопругот Александар со кој е во брак нешто повеќе од две години, во јули го добија второто дете, Дарин, а нивната ќерка Дона која има три ипол години си доби братче. „Овој пат морам да кажам дека се чувствувам малку подобро подготвена за новото бебе, но предизвикот кој е пред мене е балансираното воспитување и грижа за две деца.“, изјави Јана за Женски магазин за време на бременоста.

ИЈАН Е ПРВАТА СРЕЌА НА НОРА ШАЌИРИ

Водителката и новинар Нора Шаќири Марковиќ која работи во Министерство за култура и нејзиниот сопруг Марко на 6 април година станаа родители на Ијан, среде најголемата пандемија со Ковид-19.

„Не бев свесна што ми се случи кога се породив. Многу измешани чувства и милион прашања и стравови, но еве по два месеци ние сме во најголема љубов. Кога го видов првпат помислив на мојот покоен татко, бидејќи многу ме потсети на него и сè уште ме потетува, има многу негови црти“, ни изјави Нора.

МАРИЈАН СТОЈАНОСКИ СЕ ОЖЕНИ И СТАНА ТАТКО

Во јуни годинава, се ожени пејачот Маријан Стојаноски. Маријан, кој е хорист ви Националната опера и балет за убавата вест се пофали на својот Фејсбук профил, и објави фотографии со својата сопруга Наташа Каранџулоска, која е од Охрид.  Во јули, Маријан и Наташа станаа родителин на Вероника.

„ За Наташа, можам да кажам дека е нежна и женствена, едноставно исто дишеме. Во повеќето работи се сложуваме, да не кажам во се’. Медиумите не ми биле секогаш наклонети, сакам таа да живее мирен живот“, изјави Маријан за Женски магазин откако се сврши со Наташа.

РОМАНТИЧНА ВЕНЧАВКА НА ЖАРКО ДИМОСКИ ВО РОВИЊ

Македонски актер Жарко Димоски го изговори судбоносното „ДА“ далеку од дома во опуштена атмосфера.

Заштитното лице на Театар Комедија се ожени во Ровињ, Хрватска, а неговата избраничка е Андреа Јосифова.

ВЛАТКО ГРОЗДАНОВСКИ ДОБИ ЌЕРКА

Поранешниот репрезентативец и фудбалер на ФК Варадар, Влатко Гроздановски стана татко по втор пат. Среќната вест фудбалерот ја сподели на социјалните мрежи:

Денес, 18-ти ноември 2020 по втор пат станав татко. Мојата сопруга Христина Мицевска Грозданоска на свет ја донесе нашата втора ќеркичка Ива. Мила си доби сестричка. Да си жива и здрава ќерко“, напиша тој на Фејсбук.

СЕ ОЖЕНИ СТОЛЕ СТОИЛОВ И ДОБИ СИН

Во јули, капитенот на ракометарниот клуб „Вардар“, Столе Стоилов се ожени со Даница. Столе и Деница со најблиските во локал во Скопје прославија за новото поглавје во нивниот живот. Во август, Столе и Деница го добија синот Бојан

Бременоста ја поминав без никакви проблеми, доаѓав на редовни прегледи кај д-р Петровска и ги следев нејзините препораки. И покрај тоа што сме во ек на пандемија со коронавирус, бев спокојна бидејќи тука во болницата сите носат заштитни униформи, се внимава на секој детаљ за наша безбедност како пациенти.“, изјави Деница.

МАЛЕНКО СЕ РАЗВЕДЕ ПО ЧЕТВРТИ ПАТ

Поранешниот македонски пливач Александар Маленко се разведе по четврти пат. Тој на утринската емисија на Алфа најави дека веќе некое време не живее заедно со сопругата Фанче од Охрид со која има два сина. Маленко зад себе има четири брака и пет деца.

Тој подоцна изјави дека со сопругата не живее заедно веќе една ипол година. „Со Фанче решивме да се разделиме пред година ипол и досега никаде ништо не сум спомнал. Да, бевме седум години во брак, имаме две синчиња и бракор заврши со пријателска разделба, без трауми. Нема драма, нема помпезност“, изјави Маленко во април годинава за ММС.мк.

ЕМИЛИЈА РОЗМАН СЕ СВРШИ ПО ЕДЕН ДЕН ПОЗНАНСТВО И СЕ РАЗДЕЛИ ОД СТЕФАН

По само 24 часа познаство, познатата манекенка и Мис на Македонија Емилија Розман ја прифати понудата за брак од  Стефан Ангеловски и набрзо стави крај на оваа љубов. Веќе во септември, Емилија ги избриша сите заеднички фотографии од социјалните мрежи и се пошегува на своја сметка: „Подарувам венчаница, два дена носена“, напиша Емилија.

„Некои ќе кажат, сè што е слатко, трае кратко. Парови се гледаат по 10 години, па се венчаат и по една година се разведуваат. Тотални странци спијат заедно уште на првиот состанок и сега прославуваат 15 години од брак. Некои се мажат по шест месеци и се уште се во среќен брак. Нема формула за ова. Прави го она што те прави среќен“ – рече Емилија. „Во врска бевме само 24 часа откако Стефан ме побара за жена. Сè се случи со молскавична брзина.“, раскажа Розман на полчетокот од врската со Стефан.

ЕЛЕНА ВЕЛЕВСКА СЕ РАЗВЕДЕ ОД МАРИЈАН

Во февруари година, Елена Велевска, по неколку обиди да си сочува бракот со охриѓанецот Маријан, и по неколку објави од медумите дека се разведува претходниве две години, официјално објави дека се разделува од сопугот.

„Јас многу се трудев да го сочувам бракот, но не успеав. Ќе ви кажам кога ќе биде официјално, во тек е постапката за развод“, изјави Велевска за „Бекстејџ“. Таа додаде дека двете ќерки и синот ѝ се најголемата поддршка, и оти љубовта не траела вечно како во бајките, а разводот не е ништо страшно во денешно време. 

Милица Џаровска